САД
Бајден го потпиша закон за транспарентност на Ковид-19
21.03.2023 09:46
Потпиша законот со кој се дозволува транспарентност на документите за потеклото на пандемијата на коронавирусот, што првпат се појави во Кина...

Американскиот претседател, Џо Бајден, го потпиша законот со кој се дозволува транспарентност на документите за потеклото на пандемијата на коронавирусот што првпат се појави во Кина. „Треба да дојдеме до потеклото на пандемијата на коронавирусот за подобро да ги спречиме идните пандемии.
Мојата администрација ќе декласифицира и ќе објави што е можно повеќе информации, истовремено почитувајќи ја националната безбедност“, рече Бајден.
