Сообраќај

МВР: 234 санкции за брзо возење

21.03.2023 10:28

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апелел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.