Здравство

Под мотото „Со нас- не за нас“ се одбележува светскиот ден на лицата со Даунов синдром

21.03.2023 10:35

Годинава под мотото „Со нас- не за нас“ овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста - право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор, информираат од Министерството за здравство.

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21-ви март. Годинава под мотото „Со нас- не за нас“ овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста - право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор, информираат од Министерството за здравство.

Децата со Даунов синдром треба да имаат редовни контроли кај нивниот педијатар или семеен лекар, бидејќи овие лица имаат поголема веројатност да развијат одредени заболувања од општата популација. Од Министерството за здравство апелираат децата да се носат на редовни контроли за слух, вид и општото здравје и да се охрабрат да бидат физички поактивни.

За овие лица се препорачува да посетуваат логопед – за помош при зборување; физиотерапевт – за помош при одење, доколку имаат намален мускулен тонус; оптометрист и/или специјалист за слух - за помош со видот и слухот.

Разговарајте со вашиот семеен лекар или педијатар за да дознаете како вашето дете може да ги добие овие услуги, нагласуваат од министерството.