Македонија

Стејт департмент: Висока корупција и бавна правда

21.03.2023 10:45

Се преземаат мерки за подобрување на состојбата со човековите права, но сè уште има сериозна владина корупција. Уставот предвидува автономни и независни судови, но властите не секогаш ја почитуваат судската независност и непристрасност, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот за човековите права во 2022-та за Македонија...

Се преземаат мерки за подобрување на состојбата со човековите права, но сè уште има сериозна владина корупција, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во одредени затворски одделенија, насилство и закани врз новинари, семејно насилство и закани по ЛГБТ популацијата, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот за човековите права во 2022-та за Македонија.

Уставот предвидува автономни и независни судови, но властите не секогаш ја почитуваат судската независност и непристрасност. Случаите на несовесно однесување на судството, политичкиот притисок врз судиите и долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судовите, продолжија да ја попречуваат ефикасноста и да влијаат на недовербата на јавноста во владеењето на правото, стои во извештајот на Стејт департментот.

Цивилните власти одржуваат ефективна контрола над безбедносните сили, но имаше извештаи дека припадниците извршиле злоупотреби. Според извештајот, генерално се почитува правото на слободно изразување и учество во политичкиот процес, мирно собирање и здружување и колективно договарање и штрајк, но сепак Владата покажа недостаток на капацитет ефективно да ги санкционира прекршувањето на правата на новинарите и да ја заштити нивната безбедност.