Кошарка
Филаделфија загуби од Чикаго Булс, по серија од осум победи по ред
21.03.2023 11:14
Филаделфија по 60 минути игра загуби од Чикаго Булс со 105-109, па така им заврши победничката серија од осум натпревари по ред...

Филаделфија по 60 минути игра загуби од Чикаго Булс со 105-109, па така им заврши победничката серија од осум натпревари по ред. „Биковите“ успеаја да ја прекинат серијата на Сиксерси од осум победи.
На Чикаго му беа потребни две продолженија за да излезе како победник против фаворитот, откако во регуларниот дел резултатот беше 91-91.
Најефикасен во победата на Чикаго беше Зак Левин со 26 поени и седум асистенции, додека Ембид постигна 37 поени и 13 скокови.
