Карате

Македонија со 15 каратисти на Европско првенство за сениори во Гвадалахара

21.03.2023 11:28

Македонската сениорска репрезентација во карате која ќе настапи на 58 Европско првенство за сениори...

Македонската сениорска репрезентација во карате која ќе настапи на 58-то Европско првенство за сениори, годинава од 22 до 26 март во Гвадалахара, Шпанија, одржа заеднички подготовки со црногорската репрезентација од 14 до 17 март 2023 во Бар, Црна Гора.

Боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 15 натпреварувачи, 10 во борби и пет во кати.

Завршните подготовки се одржаа на 18 март година во салата „Олимпик“ во Скопје каде присуствуваше и претседателот на Карате федрацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски.