Работнички третпат освојувач на Купот
Кулминира фудбалската сезона кај нас. На четири дена пред можната промоција во нов шампион, Работнички го освои првиот годинашен трофеј. Го крена пехарот во купот, откако во финалето на Националната Арена „Филип Втори’ го победи скопскиот ривал Металург со 2-0. Со тоа му се одмазди на тимот од Автокоманда за неодамнешниот пораз во првенствениот натпревар на истото место, со којшто го подзапре во патот кон новата титула првак на Македонија.

Половина час траеше тактичкото надмудрување во коешто не можеше да се насети разврската, се до исклучувањето на Пеев во 32.минута. Без топка го удри Сулејманов, по што судијата Мечкаровски му покажа црвен картон. Со играч помалку, Металург остана инфериорен, а не издржа ниту до одморот. Во судиското надополнување од првиот дел, Вујовиќ блокираше со рака по шутот на Велковски, по што беше досуден пенал за Работнички. Со 5.гол сезонава во купот сезонава, Борче Маневски го навести триумфот на негвоиот тим.
Иако со фудбалер повеќе, во продолжението Работнички се определи да чека и да не форсира. Металург се обидуваше преку прекини, но создаде само една закана. Стоперот Бериша не реализираше во 77.минута. Во финишот, кога противникот очајнички се обидуваше да изедначи, Работнички создаде неколку големи шанси преку брзи и опасни контранапади. Голманот на металург Ефремов двапати го спаси својот гол, но не можеше и во третата ситуација, кога бугрскиот интернационалец Петар Петров ги постави конечните 2-0.
За Работнички ова е трет трофеј во Купот, во неговото петто финале. Сега се надева дека уште в недела, во претпоследното првенствено коло би можел да ја освои и двојната круна по онаа во 2008. По триумфот во 2011, Металург го доживеа првиот неуспех во завршните куп-пресметки.