Политика
Владата ќе одржи седница
21.03.2023 11:54
За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето, информираат од владината прес- служба...

Владата денеска ќе одржи седница- треба да донесе одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното сѐ уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа.
За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето, информираат од владината прес- служба.
