Се снима серија за Брижит Бардо
21.03.2023 12:02
Во улогата на секс-симболот од минатиот век, ќе се појави младата, нова и засега прилично непозната Жулија де Нунез...

Француската телевизија „Франс 2“ наскоро ќе прикажува ТВ-серија за познатата поранешна глумица Брижит Бардо. Во улогата на секс-симболот од минатиот век, ќе се појави младата, нова и засега прилично непозната Жулија де Нунез.
Серијата која сѐ уште се снима, ќе има шест епизоди од 52 минути. Сѐ уште не е познат точниот датум на прикажувањето. Серијата се однесува на десет години од животот на славната Брижит Бардо - од нејзината прва улога во 1950 до 1960 година, со нагласка на култниот филм од 1956 година - „И Бог ја создаде жената“.
