Почина актерот Димче Мешковски
Беше глумец во Драмскиот театар.Остварил улоги во многу театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии како „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии меѓу кои и „Хихирику“ и играни филмови како „Викенд на мртовци“...

На 77 години почина актерот Димче Мешковски, еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци.
Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Беше глумец во Драмскиот театар.Остварил улоги во многу театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии како „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии меѓу кои и „Хихирику“ и играни филмови како „Викенд на мртовци“.
Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови меѓу кои и Гаргамел во „Штрумфови“, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
