Македонија

Прилеп: Со петиција се бара отворање младински центар

21.03.2023 12:28

Прилепските млади собираат потписи и со петиција бараат од градските власти да отворат младински центар. Им треба да ги разработуваат своите идеи и интереси и активно да учествуваат во одлучувањата во заедницата. Ова е и обврска со законот, за младинско учество и младински политики. Во Македонија има само пет центри за млади...

Повеќе од 250 млади прилепчани ја потпишаа петицијата за отворање Центар за млади, неопходен за тие да се вклучат во заедницата, да ги разработат своите идеи и да им се даде можноста за нивно активно дејствување во одлучувањата.

Досегашните инфоденови, работилници, аудио и радио поткасти вклучија преку 1.500 млади за тоа какви активности и услуги ќе им нуди Центарот. Иницијативата на невладината „Младински совет“ е „Биди креатор на својата автономна зона“.

Во Македонија има само пет младински центри, иако се обврска со Законот за младинско учество и младински политики. Петицијата за отворање Младински центар, прилепските млади ќе им ја дадат на градските власти на тркалезната маса најавена за наредниот месец.

Елизабета Митреска