Странска обука за земјоделци
Долгата традиција на одгледување на градинарски култури не е доволна за поголем развој на оваа гранка. Развиените земји употребуваат нови, современи технологии со постојана обука на земјоделците...

Израелски експерти во нашава земја градат две современо едукативни оранжерии за раноградинарски производи и велат дека употребата на семенскиот материјал и производството на расад треба сосема да се менува.
Со проект во оранжериите во Свети Николе и во Тетово земјоделците практично треба да го менуват процесот на работата.
Првот проблем е изборот на квалитетно семе и производството на расад, велат странските експерти.
Грешки се прават и во заштитата на растенијата со пестицидите и се препорачува целосно менување на досегашната технологија.
Резултатите укажуваат на недостиг на вакви обуки за примена на современите методи за поголем профит со помали трошоци.
Методија Трајков
