Продолжуваат судирите во Франција
Предлогот за изгласување недоверба нафранцуската влада не помина. Исходот поттикна протести низ неколку градови кои се претворија во насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, при што, само во Париз беа уапсени над сто луѓе...

Француската влада го преживеа и второто гласање за недоверба, со тесно мнозинство од само девет гласа.
„Отфрлањето на овој компромис би значело финансирање на нашите пензии со долгови и опасно ослабување на нашиот систем за плаќање по пат. Отфрлањето на овој компромис би значело лишување на 1,8 милиони скромни пензионери од зголемување на нивните пензии од почетокот на учебната година, што е просечно зголемување од 600 евра годишно“, изјави Елизабет Борн, премиерка на Франција.
„Потребно е мнозинство за усвојување на барањата за недоверба, апсолутно мнозинство е потребно од 287 пратеници за усвојување, 94 гласаа „за“. Бидејќи не беше постигнато потребното мнозинство, предлогот за изгласување недоверба не помина“, рече Јаел Браун-Пиве, претседателка на француското Национално собрание.
Исходот поттикна протести низ неколку градови кои се претворија во насилни судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, при што, само во Париз беа уапсени над сто луѓе. Демонстранти излегоа и на плоштадот „Вобан“ во очекување на резултатите од гласањето во француското Национално собрание. Првично мирно, но по објавувањето на резултатите од гласањето, демонстрантите почнаа да палат канти за ѓубре, фрлаа петарди и шишиња кон полицијата. Безбедносните сили возвратија со солзавец. Нови штрајкови и порадикални протести се најавени за в четврток. Пензиската реформа предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за некој да се квалификува за целосна пензија.
Марина Ристова
