Здравство

Етапно тестирање за туберкулоза на децата од прифатниот центар Визбегово

21.03.2023 14:06

Етапно се тестираат децата од прифатниот центар Визбегово, сомнителни на туберкулоза. Се чекаат резултатите.претходно тестираните немаат туберкулоза. Од болницата велат дека децата се изолирани. Во употреба е модуларната болница, не постои ризик за пациентите кои доаѓаат во болницата...

Деца од сите возрасти нестрпливо чекаат да влезат на преглед во модуларната амбуланта. Лекарите по направениот преглед и анализи ќе утврдат дали тие имаат туберкулоза или не. Тие се членови од многудетни семејства сместени во прифатилиштето во Визбегово коишто мораа да дојдат на тестирање во Козле бидејќи биле во контакт со заболен. Во првата група поголем дел децата имале уредна документација дека уште во родилиштата добиле вакцина и со тоа е намален ризикот од зараза од ТБЦ.

Доктор Ивановска вели дека пациентите коишто имаат потреба да дојдат на Мој термин или во дежурните амбуланти се безбедни, прегледите на пациенти сомнителни на туберкулоза се прават во модуларната амбуланта. Сезонските алергии, покрај бактериско-вирусните инфекции, се причина поради која родителите ги носат децата на лекар.

Педесетина деца се на болничко лекување. Но има и такви на кои им е неопходна и кислородна поддршка.

 

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски