Попоски во Солун на ЕУ - Западен Балкан конференција

08.05.2014 09:34

Министерот Никола Попоски на министерскиот состанок во Солун ќе биде учесник во разговорите кои се поделени во две сесии бидејќи имаат политички и оперативен елемент.

Првиот човек на македонското МНР, Никола Попоски денеска во Солун ќе учествува на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан, во oрганизација на  грчкото претседателство со Унијата.

Попоски ќе има работен појадок со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Разговорите на министерскиот состанок во Солун ќе имаат политички и оперативен елемент и затоа се поделени во две сесии.

Првата сесија, со тема „2004-2014: Десет години од проширувањето и европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, на која учесниците ќе ја потврдат посветеноста на ЕУ кон европската иднина на регионот и решеноста на земјите од Западен Балкан да продолжат по патот на реформите поврзани со ЕУ.

Втората сесија е со наслов „Надвор од Солунската агенда: Транспорт и енергетско поврзување“, и ќе биде посветена на енергетскиот и транспортниот сектор, проценка на потребите од инвестиции во инфраструктурата во овие два сектори, а ќе се разменат и мислења за изгледите за воспоставување стратешка рамка за зајакната соработка и финансиска помош.