ИРЛ со „Нечиста крв“ ја доби наградата „Никола Младенов 2022“ за најдобра истражувачка сторија
Доделени новинарските наградите „Никола Младенов 2022“. На годинешниот конкурс пристигнале 16 стории, обработени во 77 текстови или видео прилози, во категоријата Најдобра истражувачка сторија, 18 теми во категоријата Најиновативен новинарски производ и 27 фотографии во категоријата Најдобра репортерска фотографија...

Тимот новинарки од Истражувачката репортерска лабораторија ја доби наградата за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2022“. Наградена е документарната сторија „Нечиста крв“, емитувана на Македонската телевизија.
Новинарката Кристина Атовска ја доби наградата за Најиновативен новинарски производ за репортажата од војната во Украина, на тема „Како изгледа животот во рововите на првата линија на огнот“, а наградата за Најдобра репортерска фотографија ја доби фоторепортерката Арбнора Мемети, за фотографијата „Врнежи‘ од канцерогени материи во Тетово“.
На годинешниот конкурс пристигнале 16 стории, обработени во 77 текстови или видео прилози, во категоријата Најдобра истражувачка сторија, 18 теми во категоријата Најиновативен новинарски производ и 27 фотографии во категоријата Најдобра репортерска фотографија.
Катерина Топалова
