Образование

Шаќири: Ќе бидат прифатени барањата на матурантите што имаат законска основа

21.03.2023 14:20

Министерот соопшти дека за нивните барања денеска имал средба со директорката на Државниот испитен центар.

До крајот на оваа или на почетокот на идната недела ќе се знае што има законска основа и што може да се прифати од барањата на матурантите. За тоа што се потребни законски измени, тие барања не можеме да ги разгледаме сега, вели министерот за образование Јетон Шаќири.

Министерот соопшти дека за нивните барања денеска имал средба со директорката на Државниот испитен центар.

Дел од ученичкиот сојуз е во редовна комуникација со ДИЦ во изминатата година и тие се известени за се што треба да се реализира на државната матура. Но пак, по барањето на средношколците денеска имав средба со ДИЦ и ќе имаме конкретен одговор за нивните барања, рече Шаќири

Дел од матурантите бараат скратување на материјалот за полагање државна матура.