Во „Идризово“ откриен е тунел за бегство на затвореници
Претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, а во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдуваат од Управата за извршување санкции.
Претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, а во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.
Како што пренесуваат дел од медиумите, рано утрово затворската полиција во затворот „Идризово“ направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот.
