Четири години - Државна лотарија на Македонија

08.05.2014 09:56

По повод четиригодишнината, Државната лотарија организира караван со промоции во 15 градови низ Македонија.

Четири години –Државна лотарија на Македонија. На 23 април 2010 година го означи почетокот со првите инстант лозови и играната среќа Ново Лото 7/34.

Од тогаш до денес, Државна лотарија на Македонија пласираше над 20 различни игри на среќа.

Кон крајот на 2013-та, Државната лотарија на Македонија под капата на Министерството за Финансии ја организираше и наградната игра „Фискална во рака - Награда без мака.“

По повод четири години постоење, Државна лотарија на Македонија за играта на среќа НовоЛото7/34 и шестото извлекување од наградната игра со фискални сметки организира караван со промоции во 15 градови низ земјава.

Промоцииите ќе траат од 11 до 16 часот пред продажните места обележани со знакот –„Среќно место“.