Вучиќ: Белград не користи трикови, ќе го исполни и спроведе сето тоа што е ветено во Охрид
Вучиќ не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да формира заедница на српските општини. Косовскиот премиер, Албин Курти, очекува меѓународните фактори да го осудат однесувањето на Србија за неприменување на договорот од Охрид.

Српскиот претседател Вучиќ вели дека Белград не користи трикови и дека ќе го исполни и спроведе сето тоа што е ветено во Охрид, но нема членство во ОН и нема признавање за Косово. Вучиќ не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да формира заедница на српските општини.
Косовскиот премиер, Албин Курти, очекува меѓународните фактори да го осудат однесувањето на Србија за неприменување на договорот од Охрид. Според него, имплементацијата на договорот од 18 март во Охрид треба да почне веднаш, бидејќи нема рок кога тој треба да почне со спроведување.
