Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
22.03.2023 08:42
Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува УХМР. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 0 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.
