Македонија

Потпишување на Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје

22.03.2023 08:55

Во Клубот на пратеници, денеска ќе се потпише Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје..

Денеска, во Клубот на пратеници, со почеток во 12:00 часот ќе се потпише Договор за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителна станица за отпадни води во Скопје.

На потпишувањето на договорот ќе се обратат заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова.