Ракомет

Само еден е шампион

08.05.2014 10:12

И Металург и Вардар заслужија титула, но шампион може да биде само еден...

Да можеше да се прогласат два шампиона можеби ќе беше најреално. Металург и Вардар оставаат зад себе сезона за незаборав во лигата на шампионите, за Скопје и Македонија разбра цела Европа, не само поради спортските резултати на македонските ракометни репрезенти, разбра и за македонската посветеност,љубов,желба,своевиден фанатизам, единствен начин на кој се сака и поддржува своето.

И Металург и Вардар заслужија титула, но шампион може да биде само еден.

Кој е поблиску до титулата,до престижот, до како што велат, доказот кој е подобар?

Во вториот натпревар за 6 дена Металург  има предност што ја носи домашниот терен, Вардар победа  од првиот дуел со 1 гол разлика(25-24).

Минатата сезона во Автокоманда одиграа 25-25, потоа Вардар ја освои титулата прекинувајќи ја серијата на Металург од 3 освоени првенства.

Релативно новиот состав на Вардар сезонава прв пат ќе гостува во Автокоманда.Амбиент специфичен сам по себе. Раул Гонзалес од црвено црните направи респектибилен европски состав, но ја почувствува специфичноста на „домашните“ дуели со Металург кога предноста што тешко ја градеше на првиот натпревар ја изгуби во последните минути. Металург се очекува да биде и посилен за Атман, но му треба победа, од два разлика или од 1 гол под претпоставка Вардар да не постигне повеќе од 23.

Бремето што го носи сознанието дека само победникот(шампионот) обезбедува директен настап меѓу европската елита следната сезона, дополнително ја зголемува тензијата. Сознанието дека целата сезона сега се сведува на само еден натпревар, на 60 минути. 60 минути во кои и секундите ќе бидат долги. Следете ги на МРТ 1. Металург-Вардар, 17 часот и 45 минути.