Шведска
Шведскиот парламент ќе гласа за прием на земјата во НАТО
22.03.2023 09:58
Шведскиот парламент денеска ќе гласа за членството на земјата во НАТО. На гласањето ќе му претходи собраниска расправа...

Шведскиот парламент денеска ќе гласа за членството на земјата во НАТО. На гласањето ќе му претходи собраниска расправа.
Резултатот ќе биде јасен доцна попладне, бидејќи се очекува пратениците да гласаат „за“ пристапувањето. Приклучувањето кон Алијансата ќе бара законски измени што мора да бидат одобрени.
Сепак, гласањето не гарантира влез на Шведска во воената алијанса. Сите 30 нејзини членки мора да го ратификуваат пристапот на Шведска, а Унгарија и Турција сè уште не го сториле тоа.
