Издавачот „Блесок“ го објави романот „Песочен часовник“ на Данило Киш

08.05.2014 10:27

„Песочен часовник“- роман за траумата на холокаустот кој во 1972-ра година е добитник на НИН-овата награда, која, Киш неколку години подоцна ја вратил.

Издавачот „Блесок“ го објави романот „Песочен часовник“ на Данило Киш, како четириесетти наслов во едицијата с.р. (современ роман / своерачно), а и како електронска книга. Објавен е со поддршка на Програмата за култура на ЕУ, во превод од српски на Катица Гароска-Ацевска.

- „Песочен часовник“ е роман за траумата на холокаустот, се смета за ремек-дело на Данило Киш. Неговите размислувања, сеќавања и сништа прикажани се во нивниот жив тек.  „Песочен часовник“ е роман со извонредна реконструктивна сила во кој низ судбината на таткото на семејството се пресликува логорската историја на 20 век, соопшти издавачот.

Данило Киш (1935-1989) е поет, раскажувач, драмски писател и преведувач, кого Милан Кундера го нарекол величествен, а Салман Ружди го вброил меѓу десетте најголеми европски романописци. Преведуван е на многу светски јазици и добитник на многубројни меѓународни признанија и награди. За романот „Песочен часовник“, објавен во 1972 година, ја добил НИН-овата награда која неколку години подоцна ја вратил.