САД
Повеќе од пола од Американците сметаат дека истрагата за Трамп е политички мотивирана
22.03.2023 10:22
Дводневната анкета на ИПСОС покажа дека 54% од испитаниците, веруваат дека политиката стои зад случајот што треба да го сослуша големата порота на Менхетен...

Повеќе од пола од Американците веруваат дека кривичната истрага против поранешниот претседател Доналд Трамп е политички мотивирана. Сепак, големо мнозинство верува дека наводите се веродостојни.
Дводневната анкета на ИПСОС покажа дека 54% од испитаниците, вклучувајќи 32% од демократите, веруваат дека политиката стои зад случајот што треба да го сослуша големата порота на Менхетен.
