Москва

Џинпинг изрази солидарност со Путин во неговото спротивставување на Западот

22.03.2023 10:23

Кинескиот лидер, Ши Џинпинг, изрази голема солидарност со Владимир Путин во неговото спротивставување на Западот...

Кинескиот лидер, Ши Џинпинг, во Москва изрази голема солидарност со Владимир Путин во неговото спротивставување на Западот. Рече дека заедно ќе работат на нов светски поредок.

За време на посетата, речиси воопшто не ја спомна војната во Украина. Вели, Кина ќе задржи непристрасна позиција. Двајцата лидери разговарале за кинескиот мировен план. Белата куќа, пак, смета дека позицијата на Кина не е непристрасна и ја повика да ја притисне Русија да ја повлече својата војска од Украина.