Украина

Руската црноморска флота цел на напади со дронови

22.03.2023 10:31

Руската црноморска флота, во раните утрински часови, успешно одби напад со површински беспилотни летала на заливот Севастопол, на Крим...

Руската црноморска флота, во раните утрински часови, успешно одби напад со површински беспилотни летала на заливот Севастопол, на Крим. Уништени биле вкупно три беспилотни летала кои се обиделе да влезат во заливот, додека пак воените бродови не се уништени.

Од јули минатата година, украинските сили периодично користат беспилотни летала за да го нападнат Севастопол и други објекти на Крим. Киев објави дека ракетите биле наменети за руската црноморска флота.