Авганистан - Пакистан
Најмалку 13 загинати во земјотресот од 6,5 степени
22.03.2023 10:33
Повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтер во Авганистан и Пакистан...

Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтер во Авганистан и Пакистан.
Девет лица загинаа, а 44 лица се повредени во северозападен Пакистан, а најмалку четири лица загинале во Авганистан, додека 50 се повредени. Во двете земји се оштетени куќи и згради.
