Изложба

Црно – бела фотографија и графички дизајн во МКЦ

22.03.2023 10:35

Во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи изложба на црно – бели фотографии и графички дизајн...

Од 24 до 27 март во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи изложба на црно – бели фотографии и графички дизајн. Посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат магијата на светлината и темнината. Уметноста предадена преку фотографии на кои се фотографирани мотиви од природата, внатрешен и надворешен простор, луѓе со нивните емоции, птици, различни перспективи.

Ќе се проектира албумот за 2022/23 од B&W Freestyle photography, каде членови се повеќе од 7.000 фотографи од светот.