Изложба „Современа скулптура“ на ДЛУМ во уметничкиот центар „АРТ ХАБ“
Изложбата е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура, каде ќе бидат претставени 22 дела од 19 уметници, кои, како што велат организаторите, истражуваат и експериментираат низ формата и изразот...

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) го најави отворањето на изложбата „Современа скулптура“, кое ќе се случи на 23 март, четврток, во уметничкиот центар „АРТ ХАБ“, со почеток во 20 часот.
Оттаму истакнуваат дека изложбата е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура.
На изложбата ќе бидат претставени 22 дела од 19 уметници, кои, како што велат организаторите, истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата.
