Здравство

Се зајакнува контролата за правилно управување со медицински отпад

08.05.2014 10:33

Несоодветниот третман на медицинскиот отпад, причина за зајакнување на законската регулатива, со цел неговото одпремање и уништување да биде крајно сериозно третирано, заради последиците од големи еко - нарушувања...

Медицинските установи треба да се придржуваат кон правилникот донесен од страна на Министерството за здравство за правилно селектирање, собирање, мерење, означување, пакување и уништува опасниот отпад. Доколку правилно не се упрвавува и уништува опсаниот отпад локално и централно, постои голем ризик по здравјето на луѓето, велат експертите.

„Доколку физичките и правни лица не се придржуваат до предвидените стандарди за управување со медицинскиот отпад , предвидени се глоби согласно законот. Надлежните инспекторати вршат контрола на установите и доколку забележат, неправилности изречуваат соодветни мерки“, вели Михајло Кочубовски од Институтот за јавно здравје.

До пред извесен период немаше добар третман и не постоеше претпријатие кое ќе го собира носи на вистинско место овој опасен отпад велат од претпријатието Еко клуб кое во државата го согласно стандардите транспортира овој отпад.

„Веќе три години работиме на селектирање и транспортирање на овој опасен отпад во Македонија.Возилата со кои се врши транспорт се специјално опремени , означени и лиценцирани од Министерството за транспорт и врски“, вели Сашо Јанакиевски од Еко –гард.

Во болниците инсталирана е соодветна опрема за чување, складирање и првично термичко третирање на тој отпад ,а потоа истоот се носи на депонијата Дрисла.

„Така селектираниот отпад се се става во специјални апарати , автоклави, се автоклавира и како таков не е опасен за луѓето. Истиот потоа во специјално означени био кеси се собира и селектира во кругот на болницата“, изјави Весна Стефановска , микробиолог при Центарот за јавно здравје Куманово.

Со ефикасно управување со медицинскиот отпад, се настојува да се намалат потенцијалните заболувања при невнимание со овој отпад, како што се хепатитис Б, Ц, СИДА и друг вид инфективни заболувања додават експертите.

Габриела Димковиќ