Тенис

Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето во Тулуз

22.03.2023 12:19

Најдобриот македонски тенисер со победа од 2:0 против домашниот тенисер, Пол Иншаусп во Тулуз...

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа од 2:0 против домашниот тенисер, Пол Иншаусп, лесно се пласираше во осминафиналето на турнирот кој се одржува во Тулуз.

Калин игра во добра во форма во последниот период и бележи константен напредок на АТП листата, на последната листа направи скок од две позиции. Токму затоа и пред натпреварот ја имаше улогата на фаворит.

На теренот Калин лесно се справи со противникот и првиот сет го доби со 6:2, а вториот 6:4, па така обезбеди пласман во следното коло.