За што сѐ може да се користи кората од лимонот?
Кората од лимон исто така може да се користи и во другите делови на вашиот дом...

Лимонот е популарен цитрус кој несомнено е корисен за правење на освежителен напиток или како додаток за збогатување на вкусот на јадењата. Но, после цедењето на сокот, многу од нас едноставно ја фрлаат кората. Немојте тоа да го правите, бидејќи не можете ни да замислите какво богатство фрлате. Верувале или не, тој дел од лимонот е многу корисен.
Во кујната, за некои јадења кората од лимон претставува одличен зачин за да се постигне сладок и киселкаст вкус. Лимоновата кора може да се направи и како лимонова хартија, која може да се користи како одличен додаток на зачините при подготовка на риба и пилешко. Исто така, од неа може да се направи вкусно кандирано слатко или лимонови коцки мраз.
Кората од лимон исто така може да се користи и во другите делови на вашиот дом, како:
Отстранувач на маснотијата и за дезинфекција,
Средство за контрола на штетници,
За освежување на фрижидерот,
Освежувач на миризбата на корпата за ѓубре,
За чистење на штицата за сечкање,
Освежувач и дезодоранс за вашата машина за садови,
Миризлива свеќа,
Чистач на метали.
