151 година постоење на Црвениот крст и Црвената полумесечина
08.05.2014 10:48
151 година постоење на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст/Црвената полумесечина“.

Во периодот од 8-ми мај до 5 декември тече кампањата која ќе ги промовира вредностите, мисијата и принципите на движењето а во одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина ќе се вклучи и Црвениот крст на Град Скопје.
Централниот настан ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Предвидено е да се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски. На настанот ќе присуствуваат соработниците на Црвениот крст и повеќе јавни личности.
