Партии

Спротивни ставови за уставните измени

22.03.2023 12:54

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка под за уставните измени, уште еднаш потврдија од партијата, „студен туш“ за планот на ДУИ, пратеници на опозицијата да гласаат за уставните измени. Социјалдемократите со аргументи и факти за европската иднина на земјава ќе пристапи во разговорите со сите политички партии. На подготовка на амандманите ќе учествува работна група, предводена од правда. Премиерот Ковачевски очекува и ВМРО-ДПМНЕ да предложи членови на ова тело...

По тврдењето на вицепремиерот Груби дека имаат план и работат на тоа сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат, опозициската партија со „студен туш“, ги потврди ставовите дека нема да даде поддршка под вакви околности.

Оттаму испратија и абер до Груби, да убеди најмалку тројца пратеници од СДСМ, кои според нивни сознанија се противат на вметнување на бугарите во Уставот, а уште шестмина пратеници од СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека уставните измени се најлошото за земјава.

СДСМ со аргументи и факти за европската иднина на земјава ќе пристапи во разговорите со сите политички партии за да може да се формулираат уставните амандмани за вметнување на бугарите и на другите заедници во Уставот, велат од владејачката партија. Според нив, има сигнали дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои го препознаваат државниот интерес, ќе дадат поддршка.

На подготовка на амандманите ќе работи работна група, предводена од Министерството за правда, во којашто ќе учествуваат експерти, премиерот Ковачевски очекува и ВМРО-ДПМНЕ да предложи членови на ова тело.

 

Игор Панов