Руско-украински конфликт

Бела куќа: Позицијата на Кина не е непристрасна

22.03.2023 13:05

Џипинг без поддршка на Путин за војната во Украина. Русија и Кина заедно ќе работат на обликувањето на нов светски поредок. Белата куќа со став-позицијата на Кина не е непристрасна. Јапонскиот премиер Кишида во Полска ги потврди поддршката и соработката...

Кинескиот лидер Ши Џинпинг замина од Москва, од каде што испрати порака дека со Русија заедно ќе работат на нов светски поредок. Тој уверуваше дека Пекинг ќе задржи непристрасна позиција кон војната во Украина, а заедно со Путин разговарале за кинескиот мировен план.

„Двете страни истакнаа дека решението за украинската криза мора да ги почитува легитимните безбедносни грижи на сите земји и да спречи конфронтација на блокот. Дијалогот е најдобриот начин за стабилно решавање на проблемот. Кина нема себични мотиви за украинското прашање и не го разгоре пламенот или ја искористи можноста да профитира. Она што Кина го направи се сведува на еден збор, односно промовирање на мировните преговори“, изјави Ванг Венбин, портпарол на Министерството за надворешни работи.

„Не се разговараше за мировниот план на Украина. Имаше размена на мислења за одредбите елаборирани во кинескиот мировен план. Ова е прашање кое ги загрижува билатералните односи меѓу Кина и Украина“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Белата куќа смета дека позицијата на Кина не е непристрасна и го повика Пекинг да ја притисне Русија да ја повлече војската од Украина.

„Мора да се почитуваат целите и принципите на повелбата на ОН и мора да се почитува меѓународното право. Следењето на повелбата на ОН би значело дека Русија треба да се повлече од целата територија во Украина, територијата на друга земја членка на ОН, членка која таа ја нападнала“, Џон Кирби, портпарол на Белата куќа за национална безбедност.

Додека Џипинг беше во Русија, јапонскиот премиер е во Европа. Тој денеска имаше средства со полските лидери, земја која служи како главен центар за обезбедувањето воена и хуманитарна поддршка за Украина.

„На Украина и ја пренесов оваа непоколеблива солидарност на Јапонија и Г-7 директно на претседателот Зеленски. Како овогодинешно претседавање со Г-7, Јапонија ќе работи заедно со Полска за да демонстрира лидерство за да може меѓународната заедница да се обедини и цврсто да ја поддржи Украина“, изјави Фумио Кишида, јапонски премиер.

„Нашите земји лежат на двата краја на границите на Русија, но ние многу добро ја разбираме заканата од рускиот империјализам за светскиот мир и меѓународниот поредок. Земјите кои размислуваат подеднакво за мирот, за стабилноста, за слободата, мора да соработуваат многу тесно како полска и Јапонија“, изјави Матеуш Моравјецки, полски премиер.

Претходно Кишида беше во Киев, што Украина го протолкува како знак на солидарност од Токио.

 

Марина Ристова