САД и Кина заедно со Нигерија во потрага по девојчињата што ги киднапираше Боко Харам
08.05.2014 11:34
Има ли Нигерија капацитет за да се справи со екстремистите?

Светските сили, меѓу кои и САД и Кина им се придружија на властите во Нигерија во потрага по повеќе од 200 девојчиња коишто ги киднапираше исламистичката група Боко Харам. Кина вети дека ќе ја даде секоја корисна информација која што ќе ја добие преку сателитите и известувачките служби. Групата Боко Харам во текот на своите петгодишни екстремистички активности убила илјадници луѓе во Нигерија, поради што се наметнува прашањето дали Нигерија има капацитет да се справи со насилството.
