МТСП

Младите во Струмица на средба со министерката Тренчевска

22.03.2023 17:31

Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје Тренчевска го продолжува караванот на територијата на целата држава и продолжи со средбите со различни целни групи...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со младите од Општина Струмица. Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје Тренчевска го продолжува караванот на територијата на целата држава и продолжи со средбите со различни целни групи. Дискусијата поддржана од професорката од Филозофскиот факултет во Скопје, Софија Арнаудова овој пат беше во насока на идентификација на сопствените емоции и како нивната проекција во секојдневниот живот влијае на сегашноста и како ќе влијае на иднината на младите.

Министерката се сретна со група на млади од 18 до 26 години кои водени од вежбата врз којашто беше основата на средбата зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат и кои се нивните лични иницијативи за надминување на истите.

На средината на месец март Министерката со оваа дискусија во Општина Струмица ја означи 26 по ред средба за еден месец со различни групи на граѓани во склоп на кампањата.