Сириските бунтовници се повлекоа по една година отпор
08.05.2014 11:40
Сунитските екстремисти во Сирија попуштија по повеќе од една година отпор на сириските вооружени сили.

Стотици сириски бунтовници го напуштија и последното упориште во центарот на градот Хомс, односно жариштето на бунтот против претседателот Асад. Сунитските борци повеќе од една година им пружаа отпор на силите на Асад од стариот дел на градот. Истовремено со евакуацијата, ослободени биле и десетици заробеници коишто биле држени во покраините Алепо и Латакија.
