МИОА

Работна средба на министерот Алиу со Бујаре Абази

22.03.2023 18:19

На средбата се разговараше за воспоставување соработка во однос на обезбедување и приближување на електронските услуги...

Денес, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Азир Алиу оствари работна средба со директорката на А.Д. „Македонска Пошта“ на Северна Македонија – Бујаре Абази, заменик генералниот директор Ненад Јосевски, Елми Зендели Директор за поштенски операции и Дарко Матески – Служба за продажба и дистрибуција. Од страна на МИОА беа присутни вработените кои оперираат со Центрите „Една точка за услуги“ и од Националниот портал на е-услуги.

На средбата се разговараше за воспоставување соработка во однос на обезбедување и приближување на електронските услуги.

Воедно, се разговараше за користење на услугите и капацитетите на поштенската мрежа. На средбата се договорија да се формираат работни групи од двете институции со цел реализација и подобрување на услугите за доброто на граѓаните