Македонија

Маричиќ: Проектите со ЕУ се потврда дека европската интеграција е најдобрата формула за развој на државата

22.03.2023 19:23

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска се учествуваше на настанот по повод потпишувањето на Договорот за грант со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, на кој истакна дека ова е уште еден европски проект кој води кон подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, особено за скопјани и оние кои живеат по течението на Вардар...

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска се учествуваше на настанот по повод потпишувањето на Договорот за грант со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, на кој истакна дека ова е уште еден европски проект кој води кон подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, особено за скопјани и оние кои живеат по течението на Вардар.

Тој во своето обраќање посочи дека скопјани ќе ја добијат долгоочекувана и барана пречистителна станица, која е од витално еколошко значење и е идентификувана како еден од главните приоритети во Националната стратегија за води, Националната студија за води и Националната стратегија за инвестиции во животната средина.

Маричиќ укажа дека токму денес, на Светскиот ден на водата, е важно сите да бидеме активни и да „бидеме промената“ во начинот на кој ја користиме и начинот на кој управуваме со водата.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ на крајот од своето обраќање им честита на сите засегнати страни во проектот за напорите направени за да се подготви истиот и им посака успех во неговата имплементација, потенцирајќи дека ова е најдобриот начин да придонесеме во исполнувањето на обврските од преговарачкиот процес.

На настанот по повод потпишувањето на Договорот за гранд со ЕИБ за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир, како и потписниците на Договорот, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик претседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.