Приведен шефот на компанијата на траектот што потона минатиот месец
08.05.2014 11:45
Шефот на компанијата на траектот би можел да одговара за убиство од небрежност и кршење на поморскиот закон.

Обвинителството на Јужна Кореја го приведе шефот на компанијата која е сопственик на траектот којшто потона минатиот месец, пришто загинаа повеќе од 300 лица. Тој би можел да биде обвинет за убиство од небрежност и кршење на поморскиот закон. Обвинителството верува дека бродот бил пренатоварен што ја предизвикало несреќата.
