Македонија

Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција

23.03.2023 08:58

Целта на форумот е да се создаде регионална мрежа на жени лидери кои се стремат да го зајакнат лидерството на жените во општеството, преку професионален развој и меѓународно вмрежување за размена на најдобри практики, искуства и меѓусебна поддршка за градење подобри општества за сите.

Настан за „Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција“, инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC ќе се одржи денеска во Скопје.

Како што информираат од Владата, целта на форумот е да се создаде регионална мрежа на жени лидери кои се стремат да го зајакнат лидерството на жените во општеството, преку професионален развој и меѓународно вмрежување за размена на најдобри практики, искуства и меѓусебна поддршка за градење подобри општества за сите.

Воведни обраќања на форумот ќе имаат вицепремиерката Грковска, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, Весна Ивановиќ, раководителката на програмската канцеларија на UN Women, Десислава Гоцкова, шефица на Секретаријатот на Регионалната иницијатива против корупцијата (RAI) и Џенифер Сарвари Бредфорд, експерт за спречување криминал и кривична правда од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).