Сообраќај

МВР: 201 санкциониран возач во Скопје

23.03.2023 09:11

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за недавање првенство на мнување на пешаци, четири мерки за возач почетник, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.