Вонредни избори во Косово на 8 јуни
08.05.2014 11:51
Вонредните избори се закажани по вчерешаното распуштање на косовскиот парламент

Претседателката на Косово Атифете Јахјага соопштила дека на 8 јуни ќе има вонредни парламентарни избори во Косово. Јахјага ова го изјавила на прес конференција по консултација со претставниците на политичките партии во парламентот.
„Од овој момент ги повикувам сите политички субјекти на учество во пристојна и фер изборна кампања и процес“ -рече Јахјага.
Вонредните избори се закажани по вчерешаното распуштање на косовскиот парламент.
Соња Стојановска
