САД
Силни врнежи и торнадо во јужна Калифорнија
23.03.2023 09:33
Вонредната состојба во Калифорнија продолжува поради силните бури што предизвикаа сериозни поплави...

Вонредната состојба во Калифорнија продолжува поради силните бури што предизвикаа сериозни поплави. Куќите, патиштата и земјоделското земјиште останаа под вода.
Десетици илјади луѓе се без струја по новата серија обилни дождови со силен ветер. Во многу области се издадени предупредувања за невреме. Регистрирано е и торнадо во јужниот дел од сојузната држава кое го погоди Монтебело, на неколку километри од Лос Анџелес.
