Свет
Во Франција повторно протести поради пензиските реформи
23.03.2023 10:46
Синдикатите во Франција за денеска најавија нови протести. Се очекува авиокомпаниите да откажат над 30 насто од летовите и да има прекини и во железничкиот сообраќај...

Синдикатите во Франција за денеска најавија нови протести поради пензиските реформи, први по неодамнешното усвојување на законот за пензиски реформи. Се очекува авиокомпаниите да откажат над 30 насто од летовите и да има прекини и во железничкиот сообраќај.
Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. Повтори дека во Франција има слобода на изразување, но не и право да се создаваат немири и инциденти на улични протести.
