Усвоен закон за заштита на Нетанјаху
Коалицијата на премиерот Нетанјаху, усвои предлог со кој ќе се заштити израелскиот лидер, да не се смета за неподобен да владее со неговото судење за корупција и тврдењата за конфликт на интереси, околу неговата вмешаност во законските измени...

Израелскиот парламент го усвои првиот, од десетиците закони што ја сочинуваат неговата спорна ревизија на судството, додека демонстрантите кои се противат на промените, продолжија со протестите за да алармираат поради, како што велат, падот на земјата кон автократија.
Коалицијата на премиерот Нетанјаху, усвои предлог со кој ќе се заштити израелскиот лидер, да не се смета за неподобен да владее со неговото судење за корупција и тврдењата за конфликт на интереси, околу неговата вмешаност во законските измени.
Критичарите велат дека законот е скроен по мерка на Нетанјаху, ја охрабрува корупцијата и го продлабочува јазот меѓу Израелците. Планот на владата ја втурна земјата во една од најлошите домашни кризи.
