Парламентот на Шведска го усвои законот неопходен за влез во НАТО
Во средата, шведскиот парламент со големо мнозинство усвои закон со кој ѝ се дозволува на земјата да се приклучи на НАТО, кој сè уште бара ратификација од сите 30 членки на воената алијанса...

Во средата, шведскиот парламент со големо мнозинство усвои закон со кој ѝ се дозволува на земјата да се приклучи на НАТО, кој сè уште бара ратификација од сите 30 членки на воената алијанса.
Шест од осумте партии застапени во парламентот беа за членство во НАТО. Од 349 пратеници за тој закон гласаа 269, против беа 37, а отсутни 43.
Со влезот во НАТО, Шведска ќе стави крај на двовековната воена неутралност. Шведска и нејзиниот сосед Финска аплицираа за влез во НАТО во мај 2022 година, по руската инвазија на Украина.
Уште две земји од НАТО – Турција и Унгарија – треба да ја ратификуваат заедничката апликација на нордиските нации.
